Денеска од Фудбалскиот второлигаш Победа информираат дека дојден е нов играч, засилување. Се работи за искусниот, 30-годишен Христијан Кукески, фудбалер во одбраната. Тој од Големо Коњари по мала пауза се враќа во прилепскиот клуб, бидејќи за него настапуваше во минатата сезона. Според прописите, има право да настапи веќе в сабота (16.30 часот), дома, со Саса од Каменица. Претходно прв дојде 16-годишниот Давид Здравески од битолски Пелистер.
Преодниот рок е до 6 септември, преговори има и можно е да пристигне уште некој нов во Победа, доколку клубот добие финансиска поддршка од градот и од компаниите. .