Денеска заврши есенскиот дел од Третата лига – Југ, со одигрувањето на два преостанати натпревара. На дербито во Лажани, Слога – Големо Коњари 0:0. Иако без голови, мечот имаше голема борба. Доделени се два црвени картона – голманот Далибор Рајевиќ за играње со рака надвор од 16-никот во 39. минута (Големо Коњари) и Енис Фазлиоски за втор жолт картон за намерна игра со рака во 87. минута (Слога). Со освоениот бод Големо Коњари е со два бода предност на табелата пред најголемите конкуренти за првото место, велешките Борец и Превалец. Тимот на Големо Коњари со еден пораз, едно реми и осум победи е есенски првак.
РЕЗУЛТАТИ 11. КОЛО: Слога – Големо Коњари 0:0, Ултрас – Марена 2:0 (Горан Димески, Мартин Трајкоски), Локомотива – Борец 0:3 (Дејан Стефановски, Ѓунет Исеинов автогол, Милан Чичевски),Бучин – Младост 3:5 (Златко Шопески, Даниел Вурмески, Миле Ѕвездакоски – Бобан Крстески 2, Никола Ѓорѓиев, Димитар Китаноски, Ивица Мијајлески), Росоман – Превалец 2:1 (Слободан Дуков 2 – Димче Ставревски).
ТАБЕЛА
СЛЕДНО 12. КОЛО (напролет): Марена – Питу Гули, Росоман – Големо Коњари, Слога – Младост, Бучин – Борец и Локомотива – Ултрас. Превалец е слободен.