Во 8. коло од Втората футсал-лига на Македонија, Партизан – Победа 5:4. Во спортската сала „Коста Рацин“ во Брвеница, во голема борба трите бода се за домаќинот. Стрелци: Стефан Богдановски 4, Михаило Митров (Партизан) – Никола Трајкоски, Илија Ристески 2, Давор Илиоски (Победа).
– При водство на домашните од 4:3, имавме најзрела шанса – зицер, за израмнување. Наместо да се радуваме, шансата не се искористи, и во контра примивме гол за 5:3. Требаше обратен да биде резултатот оти на целиот меч дури 12 зицери промашивме – вели Никола Трајкоски, капитенот на Победа.
СЛЕДНО 9. КОЛО: Победа – Енхалон, Проект – Партизан, Университи – Мал Ајакс, Каршијака – Конзули, Шкендија – Кораби, Јувентус – Скопје, Кратово – Балкан.