Новиот второлигаш Големо Коњари има нов тренер, шеф на Стручниот штаб. Станува збор за Јовица Блажески, стручњак од Македонски Брод. Меѓутоа и досегашниот тренер Горан Касниоски ќе биде во Стручниот штаб, заедно со Јовица Блажески, кој е ангажиран затоа што поседува А-лиценца. Всушност, клубот Големо Коњари и Блажески најдоа заеднички интерес, клубот за да го исполни бараниот услов од ФФМ, а тренерот за да ја добие можноста за исчекор во кариерата, бидејќи претходно има работено со млади категориии фудбалери.
Блажески веќе има одржано неколку состаноци со луѓето од ФК Големо Коњари, а го има претставувано клубот на средбите во ФФМ.
Што се однесува до почетокот на подготовките, ќе биде во јули, а играчкиот кадар ќе има новости, покрај задржување на играчите заслужни за второлигашкиот статус, доведување на нови како засилувања.
Единствен кој го напушта клубот е Христијан Кукески – во Швајцарија.