Фудбал

ФК ПОБЕДА: ОВА Е ЧУДНО, НЕРЕАЛНО…

Само 1 освоен бод во првите три првенствени второлигашки кола, тоа можеби некој го очекуваше за прилепска Победа, земајќи предвид дека подготовките на екипата беа само десетина дена, без ниеден контролен меч, со многу заминати и без ниедно засилување во првите 75 дена од преодниот рок…

Меѓутоа, откако почнаа да доаѓаат новите – ги има десетина, а најавени беа уште, во пресрет на гостувањето кај Преспа во Ресен се очекуваше постепено подобрување. Затоа што да се очекува пораз на овој меч беше нереално, чудно. Од екипа со два пораза на стартот, со 5 примени и ниеден постигнат гол? Зарем ова некој ќе го прифати како реалност – пораз од 5:0 во Ресен? Не се работи за никакво потценување на Преспа, тоа е екипа со свои вредности. Фокусот е врз екипата Победа. За неа се мислењата дека тој резултат (пораз од 5:0) е чуден и нереален. Во составот има разновидност: доста искусни и познати – Христијан Кукески, Филип Димоски, Лука Трајкоски, Давид Јошески, Кире Наумоски… ,има и дојдени засилувања отстрана – Игор Ѓорѓиев, Мохамед Ахмедов, има и надежни талентирани – Виктор Анѓелевски, Андреј Петрески, Никола Павлески, Кристи Крајоски, Гоце Кузманоски, Леонид Митрески, Давид Паскоски, Владимир Зарески. Вака изгледа тимот отстрана, во врска со последниов меч. Но внатре во клубот сигурно имаат свое гледиште, своја анализа…

Наше е да додадеме дека и за следните мечеви очекувањата се позитивни. А еве и зошто. Што да се очекува од тим во кој на голот може да се врати поискусен голман од 16-годишникот Виктор Анѓелевски (39-годишниот Дарко Тофилоски или барем 18-годишниот Марко Николоски), од тим во кој максимум подготвени се Давид Јошески и Лука Трајкоски (имаа мала минутажа), од тим во кој на располагање ќе бидат и другите новодојдени (Глигор Шиков, Лука Варошаноски, Давид Здравески и уште некој)?

Утре (вторник) од 15.30 часот е мечот за 16-финалето од Купот, Победа – Башкими (Куманово), а в сабота од 15.30 часот дуелот од 4. коло на Втората лига, Победа – Охрид.

МОЛБА ЗА ПОМОШ!

Од категоријата

ПОБЕДА ПОД РЕФЛЕКТОРИ ВО ИРСКА

Зоран Иге

(фото, видео, состави) ЧЕТВРТИ ТРИУМФ НА ПОБЕДА, „СТОТКА“ ЗА СТОМНАРОСКИ!

Зоран Иге

(фото) ПРИЛЕП: СМЕНА НА ВРВОТ, НА ДВА МЕЧА ДУРИ 23 ГОЛА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион