Многумина прилепчани велат дека голема штета е што од Победа летово напаѓачот Салим Арифи замина во Косово, во ФК Митровица. Сосема се во право, ако се има предвид она што овој талентиран 18-годишник го покажа во првите три првенствени меча есенва – со Топ фудбал, Фуше Косова и Шкипоњат. Иако одигра вкупно само 160 минути, тие беа доволни за да постигне три гола, придонесувајќи за победите на ФК Митровица од 4:1, 3:0 и 4:1, така што неговиот тим е лидер на табелата.
Во оваа прилика објавуваме фотографии и видеа од периодот во Косово. На една од фотографиите е со 7-годишниот братучед Булент Меџити, кој тренира фудбал во Германија, а за време на летниот распуст беше со Салим за да му ја даде својата поддршка.

Во врска со Салим Арифи дознаваме дека по серијата голови веќе имал понуди за премин во поголеми клубови, а дали тоа ќе го направи времето бргу ќе покаже.
Подолу се две видеа со голови на Салим Арифи: