Екипата Прилеп не успеа да му се реваншира на Еурофарм Пелистер 2 за поразот на 24 август во финалето од турнирот „Миле Нешкоски“. Како тогаш, така и сега – доживеан е нов пораз. Сепак, има подобрување во намалување на гол-разликата. Тогаш во „Ристе Ристески – Ричко“ беше 26:32 за гостите, синоќа во истата сала 29:32. За среќа, почеток е на првенството, така што претстои борба за плејофот, за влезот во друштвото на шесте најдобри. Прилеп има шанса за три бода и следниот меч, на 13 септември, кога пак игра дома, овојпат со Куманово. Синоќа Куманово – Радовиш 34:32.
ПРВО КОЛО РЕЗУЛТАТИ: Прилеп – Еурофарм Пелистер 2 29:32, Куманово – Радовиш 34:32, Бутел – Еурофарм Пелистер 20:29 , Пролет – Тиквеш 22:19, Струга – Вардар 25:38, Алкалоид – Охрид (10 септември).
ВТОРО КОЛО (13/14.9.2025): Прилеп – Куманово, Еурофарм Пелистер 2 – Вардар, Охрид – Струга, Тиквеш – Алкалоид, Еурофарм Пелистер – Пролет, Радовиш – Бутел.