Тешко некој прилепчанец и од Прилепско ќе се сети на нешто слично, како попладнево – на две екипи од ОФС Прилеп им се случија катастрофални порази во рамките на 3. рунда од Втората лига на Македонија. Во Големо Коњари, Големо Коњари – Беласица (Струмица) 1:7, во Ресен, Преспа – Победа (Прилеп) 5:0. Интересно е што во екипата Преспа бранеше прилепчанецот Христијан Сркески, а во Победа околностите доведоа до тоа на голот да биде „дете“, 16-годишниот Виктор Анѓелевски. Тој е очигледно талентиран голман, но премлад, пред него е кариерата, па се очекува во следните мечеви да брани некој постар/поискусен, како што е 39-годишниот Дарко Тофилоски или 18-годишниот Марко Николоски, голман на првите два меча – со Новаци и со Саса. Всушност, се очекува во Победа да се појават сите што се новодојдени во летниот преоден рок, па заедно со другите да се комплетира екипа за серија успешни настапи.
ЗАПИСНИК ОД ГОЛЕМО КОЊАРИ – БЕЛАСИЦА 1-7
ЗАПИСНИК ОД ПРЕСПА – ПОБЕДА 5-0
Подолу се другите денешни резултати:
НОВАЦИ: Новаци – Вардар (Неготино) 3-2
КАМЕНИЦА: Саса – Кожуф (Гевгелија) 1-3
ОХРИД: Охрид – Осогово (Кочани) 2-0
СКОПЈЕ: Скопје – Шкендија (Арачиново) 2-2
РАДОВИШ: Детонит – Слога (Виница) 1-0,
ШТИП: Брегалница – Тетекс (Тетово) 6:1.
ТАБЕЛА
СЛЕДНО 4. КОЛ0 (13 септември во 15.30 часот): Победа – Охрид, Шкендија А. – Големо Коњари, Тетекс – Слога, Беласица – Детонит, Осогово – Скопје, Кожуф – Преспа, Вардар Н. – Саса, Брегалница Ш. – Новаци.
МОЛБА ЗА ИТНА ПОМОШ!
