Меѓународните фудбалски натпревари за прилепчаните се интересни и поради тоа што таму можат да се видат некогашни играчи на Победа. Еден од нив е напаѓачот Атхе Мазари. Овој 24-годишен стружанец за прилепскиот тим одигра од февруари 2022 до јануари 2023. Дојде од Охрид, замина во скопски Работнички.
Денеска како член на тетовска Шкендија е во Мадрид, каде од 18.45 часот ќе се сретне со домашниот Рајо Ваљекано, во рамките на 1. рунда од Конференциската лига на УЕФА. Во тетовската екипа е од 20 август и има настапено на четири првенствени мечеви. Отстапен е од хрватскиот прволигаш Вараждин на една година, до летото 2026.
Мазари освен во Победа, Вараждин, Шкендија, Охрид и Работнички, има играно и за Струга, на стартот од кариерата.