Отвореното шаховско првенство на Македонија го освои интермајсторот Филип Панчевски со 8 поени од 9 партии, втор е фидемајсторот Емил Ристески со 7, но овој настан е мошне важен и за третопласираниот со 7 поени, фидемајсторот Роберт Велески. Прилепчанецот го постигна својот најголем успех на овој вид натпревари. Има само еден пораз, од ФМ Ристески, две реми – со ФМ Дејан Динев и со шампионот ИМ Панчевски, а ги совлада Дино Табаковски, младиот сограѓанин Матеј Ѕвездакоски, Јанчо Ѓорѓевски, Мишко Мишкоски, ФМ Љубомир Илиќ и Андреј Велјаноски.
На првенството во Скопје учествуваа 59 шахисти.