Во хрватското прволигашко првенство се игра 6. рунда, во тие рамки прв меч беше во Славен белупо (Копривница) – Истра (Пула). Домаќинот победи со 2:1, а победоносниот гол во 77. минута го постигна Македонецот Илија Несторовски. Прилепчанецот од работ на шеснаесетникот шутираше под пречката, неодбранливо. По мечот гостинскиот тренер Горан Томиќ изјави:
– Му честитам на Славен белупо на заслужената победа, беа подобри во првото полувреме. Ние имавме многу технички грешки, играчите се лизгаа по теренот, па ривалот тоа го искористи, имаше повеќе шанси од нас. Меѓутоа во вториот дел ние бевме доста постабилни, имавме и подобри шанси. При резултат 1:1 излеговме сами пред голманот, момент што можеше да влијае врз наша полза. Но домаќинот постигна еврогол за 2:1, така што заслужено победи.
Славен белупо – трет на табелата со 9 бода, 4 помалку од првиот Динамо (Загреб) и од вториот Хајдук (Сплит), во следната рунда гостува кај шестопласираната Горица (Велика Горица), екипа со 5 бода.
претходна објава