Почна пролетниот дел од Супер–лигата на Македонија за млади категории фудбалери. Според распоредот, се одигра 12. коло, во кое беше пелагониското дерби Победа – Пелистер.
Вчера во Битола се сретнаа пионерските екипи. Во дуелот на помладите пионери, Пелистер – Победа 2:1. Стрелци: Дамјан Бојин, Христијан Плушковски (Пелистер), Давид Паскоски (Победа). Имаше пресврт, по водството на прилепскиот тим од 15. минута. На натпреварот од постарите пионери, Пелистер – Победа 3:0. Стрелци: Давид Ангелевски, Христијан Јовановски и Филип Велевски.
Денеска на теренот со вештачка трева во Прилеп беа два меча. Прво, во дуелот на кадетите, Победа – Пелистер 3;2. Стрелци: Салим Арифи, Давид Паскоски, Андреј Петрески (Победа), Давид Ангелевски, Дарко Димитровски (Пелистер). Потоа одиграа младинските екипи, Победа – Пелистер 0:6. Стрелци: Габриел Крстевски 3, Андреј Силјаноски 2, Андреј Мурговски.
Во следната 13. се дуелите Пелистер – Беласица, Шкендија – Победа.