Фудбал

СОЛИДНА ЕКИПА, А ПРИМА МНОГУ ГОЛОВИ

Екипата Бучин се смета дека е мошне солидна, со оглед на она што го покажа минатото првенство. Тогаш му даде силен отпор и на првакот Вардар, кој во Неготино победи со 3:2 со гол во 95. минута. Но, што се случува во ова првенство? Во претходното коло со неверојатни 12:0 загуби во Марена, а попладнево со 0:6 дома од Росоман. Од клубот излезе информација дека тимот е некомплетен, без клучни играчи. Во ова 4. коло дербито беше Слога Лажани – Питу Гули Крушево. Заврши 1:1, со головите на Самир Каришиќ и Коста Степаноски. Висока победа од 4:1 постигна Големо Коњари дома со Младост Кривогаштани. Стрелци: Илчо Митрески, Мустафа Селманоски, Борче Макешоски, Дарио Наумовски – Душко Аврамоски. Други резултати: Локомотива – Обршани 3:0 сл., Вардар – Канатларци 6:0, Марена – Превалец 3:5. На табелата Вардар има 12 бода, пред Питу Гули и Големо Коњари по 10.

СЛЕДНО 5. КОЛО (2 октомври 15 ч.): Превалец – Бучин, Младост – Марена, Канатларци – Големо Коњари, Обршани – Вардар, Питу Гули – Локомотива, Росоман – Слога.

Од категоријата

(резултати, стрелци) НЕМААТ МИЛОСТ – ДАДОА 19 ГОЛА!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНИТЕ НИЗ ДРАМА СО ПРЕСВРТИ ВО ДЕМИР ХИСАР!

Зоран Иге

НОВО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе