Фудбал

ПО ТРИ НЕДЕЛИ „ГЛАД“ ЗА ФУДБАЛ, СЕ ПОЛНИ ПРИЛЕПСКИОТ СТАДИОН!

Паузата од долги три недели помина, така што денеска (13 ч.) на Градскиот стадион “Гоце Делчев” е дуелот Победа – Шкупи, во 16. рунда на фудбалската Прва лига на Македонија. Шкупи како шампион е фаворит, а Победа аутсајдер. Гостите се втори на табелата, со 14 бода повеќе од домашните, кои се на 10. место. Сепак, тоа е така на хартија напишано, а не мора да се потврди на теренот. Прилепскиот тим ја има публиката на своја страна, теренот на кој “нокаут” доживеа лидерот Струга. Треба да се потсети и на други изненадувања есенва во кои учесник беше Победа, пред се триумфот врз Силекс во Кратово и ремито токму со Шкупи во Скопје.

Дуелот Победа – Шкупи е привлечен и затоа што гостинскиот тим го тренираат прилепчани, Гоце Седлоски и Тони Мегленски.

ПОБЕДА: Тофилоски, Ѓурковиќ, Делов, Стомнароски, Хани, Дадет, М. Наумоски, Галевски, Петејчук, Мазари, Б. Спиркоски. Тренер: Бобан Бабунски.

ШКУПИ: Наумовски, Шеји, Маргбелашвили, Алварез, Адетуњи, Хамиди, Младеновски, Цепхас, Златков, Мамадоу, Да Силва. Тренер: Гоце Седлоски.

Од категоријата

ДВА ДЕНА БОРБА ЗА ОСМИНАФИНАЛЕ!

Зоран Иге

ЕДЕН ГОЛ ВО ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ, ДУРИ СЕДУМ ВО ВТОРОТО!

Зоран Иге

ПОБЕДА СЕ СЕЛИ НА ДРУГ ТЕРЕН!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе