Крај на финалната серија од плејофот за добивање пингпонгарски шампион во Супер лигата на Македонија. На вечерашниот втор меч, на реваншот, Крива Паланка – Младост 96 (Прилеп) 4:1. Прилепскиот тим не успеа да изнуди трет меч, т.н. мајсторка. Имајќи предвид дека и првиот дуел во Прилеп го доби Крива Паланка, овој клуб пак е шампион на Македонија, со 2:0 во добиени мечеви.
За Крива Паланка вечерва партиите ги добија Кристијан Станојковски две, по една Ѓорѓе Петровиќ и Александар Јакимовски, а за Младост 96 Ѓорѓе Борчиќ.
Според ова, вечерва по мечот беа доделени медалите и пехарот за шампионскиот клуб Крива Паланка, а прилепска Младост 96 две години по ред е државен вицешампион.