Заврши и основниот дел и плејофот во Втората кошаркарска лига на Македонија. Според конечната табела прилепски Мега баскет е на претпоследното 11. место од табелата, место кое значи отпаѓање во Третата лига. Меѓутоа во разговори со упатени во кошаркарскиот спорт, може да се слушне дека постои можност за одлука на Кошаркарската федерација според која Мега баскет ќе биде приклучен кон второлигашкото друштво, бидејќи се очекува реорганизација. Дали ќе биде едното или другото ќе биде конечно до крајот на месецов. А за Мега баскет е важно и нешто друго – Универзалната сала за која постои голема желба таму да се одржуваат тренинзи и натпревари во иднина, наместо во салата од Основното училиште „Добре Јованоски“.
Првото место во Втората лига го освои Маџари од Скопје.