Финалната серија од плејофот за добивање пингпонгарски шампион во Супер лигата на Македонија е помеѓу Младост 96 (Прилеп) и Крива Паланка. Се игра до две победи. Имајќи предвид дека првиот меч во Прилеп го доби Крива Паланка (4:3), ако и реваншот вечерва (18 часот) во Крива Паланка го добие истиот тим, тогаш ќе има доделување на шампионскиот пехар. Против ова ќе се бори екипата Младост 96, настојувајќи преку триумф да изедначи на 1:1 во победи и така да изнуди трет меч во Прилеп, т.н. мајсторка.
На првиот меч за Крива Паланка одиграа Ѓорѓе Петровиќ, Кристијан Станојковски, Александар Јакимовски и двојката Ѓорѓе Петровиќ/Кристијан Станојковски, а за Младот 96 тренерот Гоце Тошески ги имаше на располагање Ѓорѓе Борчиќ, Андреј Лашкоски, Антонио Стомнароски и двојката Ѓорѓе Борчиќ/Андреј Лашкоски.