Одличен почеток има прилепскиот клуб Мега баскет во А-групата од Првата кошаркарска лига на Македонија, со победата од 86:80 дома над струшкиот Црн Дрим. Впечатокот за играта е поволен, но стручњаците ги гледаат и слабостите, така што стремежот е од коло во коло да се напредува. Во видео-разговорот со тренерот Благој Печалов се открива планот за доведување уште еден нов играч, со оглед на тоа што преодниот рок е во тек. Подолу е целосниот разговор.
ВИДЕО