Денеска бидејќи е празник, неработен ден, има фудбалска понуда каде што настапуваат екипи од ОФС Прилеп.
Од Третата лига – Југ 6. коло се игра денеска, 23 октомври, од 14 часот. Еве ги двојките: дербито Ултрас (Прилеп) – Борец (Велес), Млекар (Мало Коњари) – Венец (Долни Дисан), Башкими (Горно Јаболчиште, Велес) – Тополка (Велес), Дреново – Влазними јуниор (Пресил, Крушево), Превалец (Велес) – Росоман, Питу Гули (Крушево) – Бучин. За дербито Ултрас – Борец, од домашната страна е амбициозниот за највисок пласман, а од гостинската страна лидерот на табелата и експрволигаш. Затоа се очекува многу публика на игралиштето со вештачка трева во Прилеп. Табела: Борец 12, Росоман 11, Превалец, Питу Гули, Ултрас и Влазними јуниор по 10, Башкими и Бучин по 5, Венец 4, Младост 3, Млекар, Дреново и Тополка по 1.
Во Општинската квалитетна лига на ОФС Прилеп е мечот од 2. коло во Големо Коњари, Братство – Стрела (Ерековци).
Во петтиот ранг, Општинската Б-лига од ОФС Прилеп, на игралиштето кај Могилата денеска од 15 часот е мечот од 1. коло Корзо – Партизан Обршани.
Во Младинската женска фудбалска лига 6. коло е денеска и на 3 ноември. Од денешните двојки завршен е мечот Порече (Македонски Брод) – Цевитана (Прилеп) 0:4 – стрелци: Ана-Марија Велевачкоска, Душица Лазароска 2 и Анастасија Бутракоска. Други мечеви: Победа (Валандово) – Кочани, Вардар (Скопје) – Билјанини Извори (Охрид), Истатов (Скопје) – Скопје 0:4, Љуботен (Тетово) – Башкими (Куманово), Саса (Каменица) – Ас унитед (Струга). Табела: Скопје 18, Ас унитед 15, Цевитана 12, Саса, Истатов и Башкими по 9, Љуботен 7, Кочани 6, Вардар 4, Порече и Победа по 3, Билјанини Извори 0.