Претстои 16.коло од Супер лигата на Македонија во ракомет за мажи. Во Прилеп е привлечен дуел, може и дерби да се смета, Прилеп – Алкалоид Скопје. Иако Алкалоид е четврти на табелата со 23 бода, а Прилеп осми со 14 бода. Домашниот тим гледа шанса да се пробие до друштвото од шест тима во плејофот:
АУДИО ИЗЈАВА НА ДИМИТАР ДИМИТРИОСКИ:
Мечот е утре, среда, од 19.30 часот во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, каде судат Виктор Андонов и Александар Вукашиновски (Скопје), а делегат е Зоран Кимовски (Скопје).
ДВОЈКИ ЗА 16.КОЛО
ТАБЕЛА
