Плејаутот од Супер лигата во ракомет за мажи продолжува со 5. коло. Но има две измени за еден меч, Струга – Прилеп. Наместо в четврток, се игра ден порано – в среда, од 19.30 часот. Наместо во Струга, се игра во Прилеп, во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“. Се зборува дека така е затоа што тоа е барање на струшкиот клуб, поради немање сала на располагање.
ПЛЕЈАУТ 5. КОЛО: Радовиш – Пролет (среда од 18 часот во Радовиш), Струга – Прилеп (среда од 19.30 часот во Прилеп), Куманово – Борец (четврток од 19.30 ч. во Куманово).
ТАБЕЛА: Пролет 9, Прилеп 7, Куманово 5, Радовиш, Борец и Струга 4.