Тежок меч имаше денеска лидерот на табелата од Третата лига – Југ, Големо Коњари, но издржа. Тежок од аспект на тоа што гостуваше во Прилеп, на теренот со вештачка трева, кај солидниот тим Ултрас. Сепак, Големо Коњари не само што остана непоразено, ами и постигна вредна победа од 2:1. Стрелци: Илчо Митрески во 15. и Ерџан Ибраимоски во 22. минута за Големо Коњари, а Славчо Стојчески за Ултрас во 80. минута.
РЕЗУЛТАТИ/СТРЕЛЦИ ОД 22. КОЛО: Ултрас – Големо Коњари1:2 (Славчо Стојчески – Илчо Митрески, Ерџан Ибраимоски), Бучин – Слога 2:1 (Дарко Евтимџиоски, Андреј Николовски – Нермин Каришик), Младост – Венец 0:4 (Жарко Донев, Петар Ристовски 3), Башкими – Питу Гули 1:0 (Јани Ахмедовски), Росоман и Дреново слободни. Мечот Превалец – Влазними јуниор 4:0 е одигран во петокот, прекинат во 22. минута поради тоа што гостинскиот тим останал со само 6 играчи,
ТАБЕЛА: Големо Коњари 48, Превалец и Башкими 41, Младост 36, Росоман 32, Венец и Ултрас 31, Бучин 22, Питу Гули 21, Слога 13, Дреново и Влазними јуниор 11.
СЛЕДНО 23. КОЛО (27 април во 16 часот): Росоман – Превалец, Венец – Бучин, Слога – Ултрас, Големо Коњари – Башкими, Дреново – Влазними јуниор, а Питу Гули и Младост слободни.