Утре (среда) од 14 часот, на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп е пријателскиот фудбалски меч, Победа – Пелистер. За двата тима, ривали од соседските пелагониски градови, е добра проверка на десет дена пред почетокот на пролетниот дел од првенството на Втората лига. Интересно е што во екипата на Пелистер се дури петмина прилепчани: Давид Јошески, Марио Наумоски, Јорданчо Наумоски, Марио Дебрешлиоски и Бојан Спиркоски.
И двата тима зимава одиграа по четири тест-меча.