Ракометот нема многу изненадувања кога се дуелите меѓу екипи од горниот и од долниот дел на табелата. Тоа се потврди и на последниот меч што го одигра екипата Прилеп. На гостувањето кај фаворитот во Охрид, домашниот состав победи со 38:28. Најефикасни: Иван Тасески со 9 (Охрид), Пеце Рајатовски со 6 гола (Прилеп). За Прилеп следат два меча со ривали од многу различни квалитети. Прво, вечерва (19,30 часот) во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ е дуелот со лидерот на табелата, скопски Алкалоид, предводен од селекторот Кирил Лазаров. Потоа, в четврток, треба да се одигра и мечот на гости, кај последниот на табелата, Радовиш. Борбата за плејофот продолжува.
ТАБЕЛА: Алкалоид и Вардар 26, Еурофарм Пелистер 24, Охрид 22, Тиквеш 15, Бутел 14, Пролет 13, Прилеп 12, Куманово 6, Бисинов 5, Струга 4, Радовиш 1.