Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 во полуфинале

РК Прилеп денеска не успеа да ја искористи картата за фајнл-фор завршницата во Купот на Македонија. Еурофарм Пелистер 2 ,  одигра одличен меч на паркетот во Прилеп и забележа убедлива победа од +16 гола (22:38).  Со ова Битола на Ф4 ќе има две екипи, претходно се пласира и екипата на Еурофарм Пелистер, заедно со Вардар и Бутел. Завршницата ќе се игра на 14 и 15 мај.

Екипата на Еурофарм уште во првото полувреме направи солидна разлика и на одмор отиде со +9 (11:20). Второто полувреме само ја потврди победата на  Еурофарм Пелистер 2,  а ракометарите ја зголемија разликата до +16. Натпреварот беше само формалност и немаше резултатска неизвесност.  Шанса за настап добија сите ракометар и од клупата на двете екипи. Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Ненад Белистојаноски со девет и Емилијан Ѓорговски со седум погодоци, додека кај Прилеп  во листата на најдобри стрелци се запиша Давор Шокоски со шест гола.

Од категоријата

ПРИЛЕП ГО СОВЛАДА СКОПЈЕ, ЈА НАДМИНА СТРУГА

Зоран Иге

МЕЧ ЗА РАЗДЕЛБА НА ПРИЛЕПСКАТА ПУБЛИКА СО КУЗМАНОСКИ

Зоран Иге

РАКОМЕТ ВО ВТОРНИК

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе