Ракомет

(ФОТО) АЛКАЛОИД СЕ ПОКАЖА МОЌЕН ВО ПРИЛЕП

Во натпревар од 1. рунда на новото првенство од ракометната машка Супер лига, скопски Алкалоид со 43:30 го совлада домашниот Прилеп.

Гостите, на чие кормило е легендарниот Кирил Лазаров, водеа во текот на целиот меч. Уште во првиот дел ја имаа иницијативата и по остварената разлика од пет гола (17:22) се насети нивниот триумф.

Во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ и во второто полувреме ништо битно не се измени, така што реален е крајниот резултат од 30:43. Најефикасни кај домашниот тим Давор Шокоски со 8, Мириан Гавашелишвили и Пеце Ѓорѓиески по 6, а кај гостите Мартин Серафимов со 8, Божидар Илиески со 6 гола.

Ова беше меч од А-групата, каде Вардар Н. – Вардар С. 25:39, во тек е дуелот Бутел – Охрид, а утре се игра Струга – Куманово.

Во следната 2. рунда Прилеп му гостува на Охрид.

Од категоријата

ВТОР ТРИУМФ НА ПРИЛЕПСКИОТ ТИМ!

Зоран Иге

ЧЕТВОРИЦА НОВИ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ПОЛУФИНАЛЕТО ДАЛЕКУ ДЕВЕТ ГОЛА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе