Екипата Прилеп со 19:18 го совлада Скопје, во 9. рунда од плеј-аутот на машката ракометна Супер лига. Тоа беше неизвесен натпревар до крајот. На полувремето резултатот беше нерешен 10:10. На крајот голема радост домашната екипа и за гледачите во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“. Трите бода значат враќање на Прилеп до врвот од табелата.
ДРУГИ РЕЗУЛТАТИ: Куманово – Струга 25:28, Јуниор КВ – Голден арт 22:18, Вардар – Радовиш 33:22. ТАБЕЛА: Голден арт 21, Прилеп и Куманово 20, Струга 18, Вардар 13, Скопје 12, Јуниор КВ 11, Радовиш 2.
СЛЕДНО 10. КОЛО: Струга – Прилеп, Скопје – Вардар, Голден арт – Куманово, Радовиш – Јуниор КВ.