Ракомет

ВТОРОТО МЕСТО Е ЗА ПРИЛЕП!

Мечот за 2. место на табелата од плеј-аутот во машката ракометна Супер лига, Прилеп – Струга го добија домашните со 33:31. Трите бода за прилепчаните значат прогрес од третото кон второто место, кое всушност им е обезбедено затоа што стружаните, кои досега беа второпласирани, во последното коло се слободни.

Денешниот натпревар беше со иницијатива на Прилеп преку постојано водство, на полувремето со три гола разлика (18:15), потоа и со недостижни седум разлика. Стружаните до крајот само го ублажија поразот. Со оглед на тоа што е последен меч дома, вечерва беше разделба на екипата Прилеп со публиката, а публиката со тренерот Горан Кузманоски – Таста, кој најави преселба во друг клуб.

РЕЗУЛТАТИ 9. КОЛО: Скопје – Радовиш 25:29, Прилеп – Струга 33:31.

ТАБЕЛА: Пролет 23, Прилеп 15, Струга 14, Радовиш 6, Скопје 5.

ПОСЛЕДНО 10. КОЛО (29 мај): Радовиш – Прилеп, Пролет – Скопје.

Од категоријата

ЦВЕТКОСКА ЗАМИНА ВО ПЕЛИСТЕР

Зоран Иге

ПРИЛЕП СЕ ВРАТИ КОН ВРВОТ!

Зоран Иге

ДОМАЌИНИТЕ ПОДОБРИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе