Ракомет

УНИВЕРЗАЛНАТА САЛА ДА СЕ ВИКА „МИЛЕ НЕШКОВСКИ“

Пред Универзалната сала во Прилеп предмалку е прогласен за отворен седмиот Меморијален ракометен турнир „Миле Нешковски“. При обраќањето кон стотина присутни роднини, пријатели, соиграчи, тренери, учесници, граѓани, гости, градоначалникот на Прилеп д-р Борче Јовчески, меѓудругото, рече:

– …Жал ми е што Прилеп прерано изгуби еден ваков ракометен борец, што денеска го немаме меѓу нас. Жал ми е и што не можеме токму тука, во Универзалната сала, да го одржиме турнирот посветен во негова чест. Се надевам дека условите ќе се променат и оваа спортска сала ќе биде отворена за младите кои го сакаат спортот и ракометот. А спортската сала, можеби, во иднина ќе го носи и неговото име Миле Нешковски за да го паметиме вечно…

Турнирот почнува вечерва во 18 часот во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ со мечот Прилеп – ПАОК, а потоа е дуелот Дубочица – Мулти есенс.

Од категоријата

ПРИЛЕП СО ТРИУМФОТ ВО СТРУГА ГИ ВРАТИ ШАНСИТЕ ЗА ОПСТАНОК

Зоран Иге

ГОСТИТЕ ПРЕСИЛНИ

Зоран Иге

ПРИЛЕП ОД МИНУС ТРИ ДО ПЛУС ТРИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе