Екипата Еурофарм Пелистер 2 од Битола е победник на Десеттиот меморијален меѓународен турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп. Домашниот тим Прилеп одигра одлично во првото полувреме, кое го доби со 17:15. Но во вториот дел се случи пресврт со серија од 4 гола за битолскиот тим. Конечниот резултат е 32:26 за Еурофарм Пелистер 2.
Во дуелот за 3. место Пролет со 29:27 по изведените пенали го совлада Тиквеш, а на мечот за 5. место Бутел со 28:25 ја совлада Црвена звезда.
ТАБЕЛА: Еурофарм Пелистер 2, Прилеп, Пролет, Тиквеш, Бутел, Црвена звезда.
Салата од СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ во Прилеп беше преполна со гледачи.
НАГРАДИ:
Животно дело: Пеце Велјаноски – Стипе (Тутунски комбинат)
Признание за долгогодишен придонес: Камер Металари (делегат)
Најдобар голман: Мартин Јовановски (Еурофарм Пелистер 2)
Најдобар стрелец: Димитар Димитриоски (Прилеп)
Најдобар играч: Христијан Митревски (Еурофарм Пелистер 2).
ДОСЕГАШНИ ПОБЕДНИЦИ:
2015 Охрид
2016 Пелистер (Битола)
2017 Пелистер (Битола)
2018 Пролет (Скопје)
2019 Металург 2 (Скопје)
2021 Тиквеш (Кавадарци)
2022 Дубочица (Лесковац, Србија)
2023 Дубочица (Лесковац, Србија)
2024 Охрид
2025 Еурофарм Пелистер 2 (Битола)
МОЛБА ЗА ПОМОШ!

