Веќе објавивме неодамна дека Салим Арифи од прилепска Победа премина во Косово, во ФК Митровица. Таму веќе го имаше своето деби на мечот од Косовската лига, дома против екипата ФК Топ фудбал, а што е уште поважно – постигна гол. Тие што го гледале велат дека станува збор за „голчиште“ за мајсторски и неодбранлив удар. Така талентираниот, доскорешен напаѓач на Победа придонесе за триумфот на ФК Митровица од 4:1.
Пред Салим Арифи е убава кариера, бидејќи има само 18 години.