Зад нас е Десеттиот меморијален меѓународен турнир „Миле Нешкоски“, за кого впечатоците се преубави. Одлични екипи, натпревари, акции, голови, одбрани, но и прекрасен амбиент. Синоќа, на финалето Прилеп – Еурофарм Пелистер 2 (26:32) салата од СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ во Прилеп беше преполна со гледачи. Прилеп и овојпат покажа колку заслужува поголема сала, како што е Универзалната или „Македонија“. Кога толку многу публика се собира на периферијата од градот, тогаш уште повеќе би имало во централниот дел или поблизу до него.
Се посакува истиот амбиент и на 6 септември, во 1. коло од Супер лигата, кога Прилеп пак го пречекува Еурофарм Пелистер 2.