100 години фудбал во Прилеп

НАВИВАЧИТЕ СО БАРАЊЕ ДА СЕ СМЕНИ ИМЕТО НА КЛУБОТ!

На 14 мај 2010 година во Прилеп се формира фудбалски клуб со име Викторија. Името беше алтернатива за претходно згаснатиот клуб Победа. Меѓутоа, името Викторија кусо траеше, бидејќи прилепските навивачи се емотивно поврзани за името Победа. Тие упатија барање до Управата за итно менување на името, всушност, за враќање на славното име Победа. Така, набргу клубот се преименува во Победа јуниор, имајќи предвид дека за него играа младинци, од Младинската школа. Подоцна клубот се преименува во Победа 2010, за конечно да биде само Победа.

Први тренери на овој клуб беа Кире Овезоски, Златко Петрески и Благоја Смоквоски. Прв ранг беше Третата лига – Југ, прв меч со Млекар во Големо Коњари на 22 август 2010 (победа од 1:0), а првпат учеството во Првата лига е во сезоната  2016/17.

Од категоријата

СПАСЕ НАЈДОСКИ: СПОМЕНИ ЗА ПОБЕДА, МИХАЈЛОВИЌ, ШУКЕР…

Зоран Иге

АКТИВНИ, НЕАКТИВНИ И ЗГАСНАТИ КЛУБОВИ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ЖОНГЛИРАЊЕ ВО ПРИЛЕП: ДА НЕ ПАДНЕ ТОПКАТА НА ТРЕВА 35 КРУГА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе