100 години фудбал во Прилеп

ПРВИОТ ШАМПИОНСКИ ПЕХАР ЗА ПОБЕДА

Мај 2004 – мај 2024, точно две децении од значајните фудбалски настани. Во мај 2004 разврската во Првата фудбалска лига на Македонија се случи во две кола, 31. и 32. Прво, на дербито во Прилеп, Победа – Работнички 4:1. Стрелци: Марјан Нацев 45., Сашо Крстев 73., Николче Здравески 80., Драган Димитровски 89. (Победа) – Милан Илиевски 57. (Работнички).

ПОБЕДА: Чановиќ, Капинковски, Мијановиќ, Георгиев, М. Нацев, Мегленски (13. Халими), Жилсон, Б. Ѓорѓиоски (65. Гешоски), Н. Здравески (82. Миниќ), С. Крстев, Д. Димитровски. Тренер: Никола Илиевски – Џиџи.

РАБОТНИЧКИ: Георгиевски, Илиевски, Лазаревски, Карчев, И. Стојанов, Игњатов, П. Стојанов, Толески (83. Стојановски), Б. Илијоски, Тодорчев, Кралевски. Тренер: Ѓоре Јовановски.

По следното коло веќе беше познато – Победа е шампион. Тогаш, најголемиот конкурент, Силекс, дома одигра само 0:0 со Победа, која бегаше 5 бода. Така, последното коло  беше за прослава, дома 2:0 против Слога, со двата гола на Драган Димитровски.

За Победа, водена есента од Драган Канатларовски, пролетта од Никола Илиевски – Џиџи, со помошниците Круме Митрикески и Рубин Ѓорѓиоски, настапија: Драган Димитровски, Николче Здравески, Жежош да Силва Жилсон, Благоја Гешоски, Чедомир Мијановиќ, Димитар Капинковски, Марјан Нацев, Панче Ќумбев, Александар Чановиќ, Сашо Крстев, Сашо Здравевски, Тони Мегленски, Александар Поповски, Благојче Ѓорѓиоски, Столе Георгиев, Марјан Манев, Урош Младеновиќ, Илами Халими, Томе Пандев, Александар Миниќ, Мики Илиев, Бобан Ралевски, Џокан Јусуфоски, Борче Маневски, Дарко Вршкоски, Александар Крстев и Зоран Шалевски. Клупски претседател беше Александар Забрчанец – Ацуле, директор Миле Хаџиристески, спортски директор Марјан Стојкоски – Манта, секретар Трајче Маџоски.

Најдобар стрелец во Првата лига беше Драган Димитровски со 25 гола, а најдобар играч, капитенот Николче Здравески, прогласен и за најдобар спортист на Прилеп за 2004 година.

Од категоријата

СИТЕ ПАРИ ОД ТУТУНОТ ВО ОБЛОЖУВАЊЕ!

Зоран Иге

ПРЕД ДА КАЖЕ ЗБОГУМ – ОДБРАНИ ЧЕТИРИ ПЕНАЛИ!

Зоран Иге

ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ НА ГРАДСКИОТ СТАДИОН!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе