Ве последното 27. коло на Првата женска фудбалска лига на Македонија, во Прилеп, Цевитана – Саса 0:4, но само до 23. минута. Стрелци: Бразилката Туане де Соуза Фрагосо во 6., Ана Димитровска во 9., 20. и 23. минута. Веднаш по четвртиот гол е отсвирен крај. За причината има објаснување од главниот судија, Драган Стевановски од Велес: „Домашата екипа натпреварот во записникот го пријави со 11 играчи, а го започна со 9 играчи. Во 23. минута домашната еккипа остана со 6 играчи и натпреварот беше прекинат поради пропозициите.“
ПОСЛЕДНО 27. КОЛО: Цевитана – Саса 0:4 (прекинат), Скопје – Топ гол 3:1, Истатов – Шкендија 2:7, Ас јунајтед – Тиверија 2:6, Љуботен – Речица 8:1.
ТАБЕЛА: Љуботен 72, Саса 71, Тиверија 49, Ас јунајтед 48, Скопје 47, Шкендија 28, Истатов и Речица 22, Топ гол 18, Цевитана 13.
Екипата Љуботен (Тетово) е шампион на Македонија. Од лигата отпаѓа Цевитана (Прилеп), нов прволигаш е Атлетико (Битола), а бараж-меч за Првата лига ќе одиграат Вардар (Скопје) и Топ гол (Битола).