Пинг-понг

(фото) ПЕХАРОТ ДОДЕЛЕН ВЕЧЕРВА ВО ПРИЛЕП!

Плејофот на Супер-лигата во пинг-понг на Македонија вечерва го даде шампионот. Тоа е екипата Крива Паланка, која со 4:2 го совлада домашниот Младост 96. Бидејќи Крива Паланка во плејофот влезе со водство од 1:0 поради подобриот резултат од меѓусебните дуели во основниот дел од лигата, овој тим со денешнаата победа стигна до 2:0, што значи и освојување на титулата. Досега нејзин сопственик беше Младост 96, двократен шампион.

Драматично беше во салата на ООУ „Добре Јованоски“ во Прилеп” на мечот кој го судеше Мирослав Николовски од Скопје. Крива Паланка прво доби две партии преку Мартин Стаменковски и Кристијан Станојковски. Потоа Младост 96 доби партија по заслуга на Србинот Ѓорѓе Борчиќ. Следната ја доби Кристијан Станојковски за 3:1, водство на Крива Паланка. На 3:2 Младост 96 намали преку освоената партија на Ѓорѓе Борчиќ. Шестата партија беше шанса за прилепчаните да израмнат на 3:3. Се чинеше дека токму тоа ќе се случи, имајќи предвид дека Антонио Стомнароски водеше со 2:0 во сетови, а и при 2:2, во петтиот сет, водеше со 6:1 и 9:8, но Србинот Ѓорѓе Петровиќ дојде до пресврт и до победа од 11:9 во сетот, 3:2 во сетови, така што Крива Паланка на тој начин го доби мечот 4:2 во партии и ја освои титулата.

Пред голем број на гледачи, љубители на пинг-понгот, претседателот на Младост 96, Марјан Матракоски ги врачи медалите и пехарите. Сребрени медали за вицешампионското место добија членовите на Младост 96: Ѓорѓе Борчиќ, Антонио Стомнароски, Андреј Лашкоски, Александар Рикалоски, Лука Огненоски, Петар Костовски и тренерот Гоце Тошески. Златни медали добија од Крива Паланка: Кристијан Станојковски, Александар Јакимовски, Ѓорѓе Петровиќ, Мартин Стаменковски и клупскиот претседател Јорданчо Миневски. Шампионот доби два пехара – преоден и во трајна сопственост.

Прилепскиот тим иако загуби, сепак може да биде задоволен од континуитетот. Имено, во претходните четири години, четирипати е финалист во плејофот во борбата за титулата шампион на Македонија.

 

Од категоријата

ПРИЛЕПСКИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ СО ЧЕТИРИ МЕДАЛИ ОД СКОПЈЕ!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНИ НА БОД ДО ВРВОТ!

Зоран Иге

НАСТАН ВО ПРИЛЕП ЗА ДОЛГО ПАМЕТЕЊЕ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе