Речиси невозможно е популарен спортист да не биде опкружен од народ каде и да се појави. Едни поставуваат прашања, други сакаат да се фотографираат, трети бараат автограми. Сепак, сето ова го избегна нашата фудбалска ведета, Горан Пандев. Беше ѕвезда уште во младите години, кога од Беласица премина во младинскиот тим на Интер, во второлигашот Специа, прволигашот Анкона. Ненајавен, летото во 2004 година дојде во Прилеп, на тренинг од Победа, тогаш македонски шампион. Седнат сам на клупата пред просториите од ФК 11 Октомври, не беше забележан од никого. Популарен, а обичен, скромен, тивок човек. Случајно го забележавме непосредно пред да си замине.
– Горан Пандев! Што правите овде?
-Ништо. Чекав да заврши тренингов. Со братучед ми Томе, голман на Победа, одма патуваме за Струмица – кусо ни одговори.
Тоа лето премина во Лацио.