Фудбал

(фото) ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА И НА ЕВРОПСКОТО  ВО КЕЛН!

Европското фудбалско првенство во Германија е пред самата завршница, финалето. Таму има и многу наши Македонци, прилепчани. Синоќа ни се јави човекот кој цел живот е врзан за фудбалот, големиот навивач на Победа Јовица Релушкоски. Се интересиравме дали можеби за полуфиналето успеа да влезе во еден од стадионите.

– Тешко е до карта во оваа фаза. Нема ниту за нивните, мислам на Англичаниве или Холанѓаниве. По некоја карта на црно излегува, но се екстра-скапи, по 400, 500, 600 евра.

Релушкоски е во Келн, каде ги гледаше од трибина натпреварите што се одиграа. Таму сите се под фудбалска „хипноза“.

– Градов пулсира цел месец со фудбалов. Полно е со штандови, бимови за гледање и ТВ-екрани. Имаше многу убави фан-зони. Доминираа Шкотланѓаните и Англичаните, но добри беа и Швајцарците, па и Словенците. А Германциве кога играа на кој било стадион, градов беше безмалку блокиран, особено центарот. На стадион 50.000 гледачи, а на плоштадите уште по 10.000 народ на секоја репрезентација, плус неутралните….. Убавина.

Навивачи едни покрај други, а расправии, кавги?

– И што ми остави добар впечаток од сите табори имаше заеднички фотки, заедно пиеја, се пееше, а не видов ниеден инцидент некој да се „скачкаа“ помеѓу себе.

Јовица не бил сам на натпреварите, надвор и внатре во стадионот.

– Да си ја пофалам и Анета сопругава. Ми правеше друштво на спортскиве терени. Поздрав од Келн и од Германија, со надеж дека на следното Европско ќе ја бодриме Македонија. Победа вечна! – порача Јовица Релушкоски.

 

Од категоријата

(фото, состави) МНОГУ ШАНСИ – САМО ЕДЕН ГОЛ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

(фото) ТУРНИР ВО ПРИЛЕП: ДАДОА 14 ГОЛА, НИЕДЕН НЕ ПРИМИЈА!

Зоран Иге

ТРИ ГОЛА КАКО ЗАГРЕВАЊЕ ЗА КУПОТ! (фото)

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе