Ракомет

(видео) ПРИЛЕП: ТУРНИРОТ ЗАСЛУЖУВА ДА СЕ ИГРА ВО УНИВЕРЗАЛНАТА САЛА!

Вечерва почна Деветтиот меморијален меѓународен ракометен турнир „Миле Нешкоски 2024“, во чест и сеќавање на некогашниот играч и тренер. Се одржува во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, иако свеченото отворање беше пред Универзалната сала, каде е и неговиот споменик. И денеска беше јавно искажана желбата за што поскоро сите важни спортски, ракометни настани, вклучително и турнирот, да се одржуваат во Универзалната сала. Тоа го рече и д-р Борче Јовчески, градоначалникот на Прилеп, при свеченото отворање на турнирот.

ВИДЕО-ОБРАЌАЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ:

По свечениот дел пред Универзалната сала, активностите се преселија во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, со првите мечеви, Охрид – Куманово и Прилеп – Еурофарм Пелистер 2. Утревечер (петок) се два меча, од 18 часот Врање – Куманово, од 20 часот Тиквеш – Прилеп, а и в сабота уште два – од 18 ч. Охрид – Врање и од 20 ч. Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2. В недела се мечевите за пласман – од 11 ч. за петто, од 13 ч. за трето место и од 15 часот финалето, по што е свеченото затворање низ доделувањето на наградите. Награди има за трите најдобри екипи, како и за најдобар голман, најдобар стрелец, најдобар играч, а по третпат се доделува и наградата за животно дело.

ФИЛИПОСКА: НЕМА ДА ЧИТАМ, ЌЕ ГО КАЖАМ МОЈОТ СПОМЕН

Новинарката, некогашна ракометарка Елизабета Филипоска, при водењето на програмата за свеченото отворање на турнирот, најпрво прочита многу факти во врска со кариерата на Миле Нешкоски. Пред присутнте прочита детали околу почетоците на позицијата лев бек, откривањето на талентот од наставниците во ОУ „Св. Климент Охридски“ и од првите тренери во РК Тутунски комбинат, клуб со кој во сезоната 1991/92 има влез во Првата југословенска лига и година потоа финале на плејоф во првото првенство од Првата лига на Македонија.

– Миле Нешкоски ќе остане запаметен како ракометар кој го оставаше срцето на терен… Сега јас натаму нема да читам, ќе го кажам мојот спомен за Миле Нешкоски. Зошто? Зашто јас бев дел од женската, а Миле дел од машката екипа на Тутунски комбинат. Го паметам како едно воспитано момче со спортски дух… Ниеден непримерен лош збор не слушнавме за нас, ракометарките, туку само поддршка. Беше врвен борец на теренот. Мирен и скромен надвор од теренот, а голем борец внатре. Знаеше да игра и во напад и во одбрана, да им помогне на соиграчите, да украде топка. По играчката кариера, стана и тренер на тогашниот Златен даб. Тогаш се среќававме бидејќи и јас бев тренер на ракометна школа. Можеш да бидеш врвен ракометар и репрезентативец, но многу е тешко да го пренесеш знаењето на помладите. А Миле, со неговата скромност и благодетност и умилкано лице, со неговото знаење, умееше да им покаже на младите категории како треба да се почитува, како треба да се игра, како да се биде победник, а како да се крене глава при пораз…. – со многу емоции зборуваше Филипоска.

Од категоријата

БЕЗБОЛЕН ПОРАЗ НА ПРИЛЕП!

Зоран Иге

(видео) ОПТИМИЗАМ КАЈ КАПИТЕНИТЕ НА РК ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ТРЕТПАТ САКААТ ПЕХАР ОД ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе