Првенството во Втората фудбалска лига на Македонија привршува, остануваат уште само две кола. Екипата на прилепска Победа на својот терен ќе одигра само еден меч, утре (сабота) од 17 часот со гевгелиски Кожуф. Последното коло е гостувањето на Детонит во Радовиш. Затоа утре е последна можност за да се биде на трибината од Градскиот стадион „Гоце Делчев“. Стремежот е од меч во меч бројот на гледачите да се зголемува, така што за утрешниот дуел, на кој Победа има за цел ем да освои три бода, ем да напредува нагоре на табелата, ем да постави нов рекорд во должина на период на непримен гол (од 477 на 567 минути), поддршката од трибината да е најголема, со најбројна публика сезонава.
Што се однесува до картите, тие совреме се пуштени во продажба по цена од 100 денари и можат да се купат во центарот на градот, од продавницата за играчки „Тргачо“, дисконт„Малта“ кај кружниот тек кај „Бонита“, „Далиа трејд“ на Варош и маркет „Ирис“ во Тризла.
ДВОЈКИ 29. КОЛО (10 мај во 17 часот): Победа – Кожуф, Вардарски – Вардар Н., Саса – Осогово, Новаци – Скопје, Башкими – Детонит, Охрид – Брегалница, Беласица – Борец, Арсими – Македонија ЃП.
ТАБЕЛА: Македонија ЃП 63, Арсими 61, Башкими 60, Брегалница 55, Детонит 43, Охрид 42, Беласица и Саса 39, Скопје 36, Кожуф 33, Новаци и Победа 32, Вардар Н. 30, Осогово 26, Борец 13, Вардарски 11.
———————————————————————————————————————-
ОГЛАС
Жена пензионерка бара куќа/стан што се издава под кирија во Прилеп. Контакт на телефон 075 885 045.
———————————————————————————————————————–