Пред осум дена заврши есенскиот дел од фудбалската Прва лига на Македонија и во тек е одморот за фудбалерите и тренерите. Но, апсолутен одмор за клубовите нема. Така, симпатизерите на Победа низ Прилеп секојдневно разменуваат информации за тоа што дознале ново околу напорите за средување на финансиската состојба во клубот. Многумина од нив се убедени дека претстојат позитивни новости со вклучување на нови компании-финансиери. Други велат дека интерес од компании имало но треба да се причека, со огледа на искуството дека контакти, разговори, преговори до евентуален договор е долг процес. Околу ова се очекуваат службени информации од клубот.
Одморот за фудбалерите и тренерите обично завршува со првиот нареден собир, некаде по православниот Божик.