Неверојатно: малку беше што во саботата Победа напаѓаше, а противничкиот гол од Осогово го бранеше прилепчанец – Ѓорѓи Јованоски, утре (вторник) пак на противничкиот гол (од Скопје) ќе стои прилепчанец – Александар Игески. Тоа е мечот од 28. коло на Втората фудбалска лига на Македонија, Скопје – Победа. Во врска со овој дуел е разговорот со Александар Игески, голманот кој пред многу години го напушти Прилеп, кога замина од 11 Октомври во скопски Металург.
АУДИО