Прилепска Победа е екипа со најмлад второлигашки состав, што значи дека младите фудбалери тука ја добиваат својата шанса. И на последниот меч во вторникот на гости со Скопје прилепскиот тим во игра имаше дури деветмина со статус младинци: во првата постава Бојан Ивчески, Димитар Шаркоски, Давид Н. Паскоски, Салим Арифи, Леонид Кофиловски, Јусуф Каба, Давор Богевски, а потоа и Андреј Петрески и Бектеш Исмаил. И со ваков состав успеа да одигра одлично и да извлече реми 0:0 со неколку опасни акции кон домашниот гол.
– Ние младите секој влез во тимот со нетрпение го очекуваме. Штом добиваме шанса, даваме максимум за возврат, максимум за нашата Победа – вели 18-годишниот Салим Арифи, еден од оние што го загрозуваше голот на Скопје, според која евиденција има постигнато над 100 гола во младите категории на Победа.
Младите, како Арифи, го привлекуваат вниманието, ја имаат и поддршката во Победа. Следниот меч за докажување е в сабота дома, со гевгелиски Кожуф.