Несекојдневна појава беше во 95. минута од мечот Победа – Кожуф, од 29. претпоследно коло на Втората лига на Македонија. Беше досуден пенал за Победа, можност домашниот тим да го израмни резултатот, по водството на гостите од 1:2. Од белата точка ударот го изведе најдобриот стрелец на Победа пролетва, Филип Димоски. Гостинскиот голман беше немоќен, топката одеше кон левиот горен голмански агол и се одби одлево на десно. Изгледаше како од дирекот да се одби во мрежата. Многумина од домашната публика се израдуваа и со извици го поздравија постигнувањето на голот. Но, чудна сцена – домашниот играч се фаќа за глава, а гостинскиот голман скока од радост. Што навистина се случи? Топката помина покрај дирекот, удри во држачот на мрежата и се одби во правецот зад мрежата, па затоа дел од публиката имаше привид дека е постигнат гол, з всушност резултатот остана непроменет.
На овој меч во 63. минута е прекината низата од минути непримен гол на Победа, така што рекордот сега е 540 минути.