Екипата Мега баскет во вистински момент ја прекина лошата серија од три порази. Вечерва, во салата на ООУ „Добре Јованоски“ во Прилеп, Мега баскет – МЗТ Уни банка 72:61. Победа и два бода со продолжување на надежта и шансите за влез во плејоф-фазата. Таму има место за осум екипи, а прилепскиот тим е деветти. Решавачко ќе биде последното, 22. коло.
Што се однесува до вечерашниов дуел, МЗТ поведе само на почетокот , со 4:1, а натаму се одеше во прилог на Мега баскет. На полувремето прилепскиот тим поведе со 45:27, а во вториот дел уште повисоко, 52;30. Двата бода се за Мега баскет, а од страна на МЗТ за одбележување се двете тројки од близу 25 метри далечина, постигнати од 19-годишниот Бојан Стојановски.
МЕГА БАСКЕТ: Стевананџија 16, Костоски, Стевановски 2, Јовановски 14, С. Јаневски 5, Велески 19, Стојчески, Настески 12, Домлевски, Захариевски 4, Чакревски. Тренер: Мико Голубовиќ.
МЗТ УНИ БАНКА: Стојановски 17, Пандев, Лазарев 7, Настовски 16, Ангелковски 2, Шаќировиќ 4, Димоски, Стојковски 9, Спасовски 6. Тренер: Бојан Серафимов.
РЕЗУЛТАТИ 21. КОЛО: Мега баскет – МЗТ Уни 72:61, Маџари – МКК Куманово 60:68, Тетекс – Работнички 77:56, Шкупи – Борец 111:70, Соколи – Ангели 82:60.
ТАБЕЛА: МКК Куманово 38, Шкупи 35, Маџари 34, Ангели и МЗТ Уни 31, Соколи 27, Борец 26, Водно и Мега баскет 25, Работнички 22, Тетекс 21.
ПОСЛЕДНО 22. КОЛО: Работнички – Мега баскет, Ангели – Маџари, Борец – Тетекс, Водно – Соколи, МКК Куманово – Шкупи.
ВИДЕО на линкот: