Кошарка

ДАЛИ ЌЕ НЕМА ТРЕТ НАТПРЕВАР?

Почна плејофот во Втората кошаркарска лига на Македонија. Според првите мечеви, фаворитите ја оправдуваат улогата. Во салата „Перо Наков“ во Куманово, МКК Куманово – Мега баскет 81:47. Кумановскиот тим одигра според сите очекувања, ако се има предвид дека во основниот дел од првенството убедливо ги доби сите мечеви, вклучително и двата против прилепската екипа. И денеска разликата беше голема. По четвртини: 27:15, 18:11, 22:8, 14:13. На реваншот, вторник во салата на ООУ „Добре Јованоски“ во Прилеп треба домашниот тим да се надмине себеси за да се избори за третиот меч, „мајсторка“. Тешко, но вреди да се даде максимум пред полната трибина со прилепски навивачи.

РЕЗУЛТАТИ

Ангели – МЗТ Уни Банка 70:66 (1-0)

Маџари – Соколи 89:80 (1-0)

Шкупи – Борец 110:74 (1-0)

МКК Куманово – Мега баскет 81:47 (1-0).

Од категоријата

ПРИЛЕПЧАНИ СЕ ПРИЈАВИЈА ЗА ВТОРА ЛИГА, УШТЕ ДА УПЛАТАТ 1000 ЕВРА

Зоран Иге

ПЛЕЈ-ОФ: МЕГА БАСКЕТ Е ПОДГОТВЕН ЗА ТРИУМФ ПРОТИВ СКОПЈАНИТЕ!

Зоран Иге

ПРЕВИСОК РЕЗУЛТАТ ВО СКОПЈЕ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе