Фудбал

(фото, видео, состави) ВО ПРИЛЕП ГОСТИТЕ БЕЗ ДРЕСОВИ, НО СО БОДОВИ!

Изненадување во Прилеп, Победа – Кожуф 0:1. Од аспект на неутралните фудбалски познавачи секако не е никакво изненадување, ако се земе предвид табелата. Но од прилепски агол гледано, секако е голем „шок“, бидејќи се случи при најголем оптимизам, темелен врз серија пролетни резултати, врз последното одлично издание со фаворитот Детонит во Радовиш.

 

На денешниот дуел на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ претходеше проблем со дресовите. И прилепскиот и гевгелискиот тим беа во црвено. Така, според пропозициите, гостите требаше да ги заменат црвените дресови со друга боја. Така – на терен се појавија со бели дресови, но со клупското име и амблемот Победа. Што се случи? Како што дознаваме, гевгеличаните немале втора гарнитура дресови, па домашните им излегле во пресрет. На теренот едни против други играа фудбалери со дресови на ист клуб – Победа.

Она што е најважно – играта и резултатот, се одвиваа во два различни периода. Во првиот – финиш на првото и почетен дел на второто, впечаток е дека Победа беше пооопасна, со оглед на тоа што успеа двапати да создаде игледни шанси за гол. Првиот пат топката помина крај дирекот, вториот пат над гредата. Кожуф до овој момент ниту еднаш не успеа сериозно да шутне кон голот на Антонио Столевски, голман кој и денеска одлично бранеше. Во второто полувреме, некаде по втората шанса за Победа, сликата на теренот се измени. Гевгеличаните воспоставија рамнотежа, дури и создадоа две добри шанси. Првиот шут помина покрај дирекот, вториот го одбрани голманот Столевски. Може да се рече дека спаси чист гол. Се чинеше дека ремито без голови е неминовно, но во 89. минута се затресе домашната мрежа. По остар центаршут одлево, неколку играчи беа пред домашниот гол, во некого топката се удри и заврши во мрежата за 0:1. Голот е запишан како автогол на Христијан Поп-Антоски.

ПОБЕДА: Столевски, Г. Димоски (81. Новески), Д. Дебрешлиоски, Д, Адили (61. Д. Шаркоски), Поп-Антоски, Ристов (66. Л. Петејчук), Ивчески, Кофиловски, С. Спиркоски (46. Сарески), Да. Спиркоски (81. Табаковиќ), Богевски. Тренер: Јане Николоски.

КОЖУФ: Картов, Најдовски (40. Давков), Коцев (56. Иљази), Д. Иванов, Митков, Петровски, Стојков, Стојанов, Манасиевски, Петров (70. Терзиев), Џ. Адили. Тренер: Филип Деспотовски.

ЕДНОМИНУТНО МОЛЧЕЊЕ

Пред почетокот на мечот Победа – Кожуф, сите присутни на прилепскиот стадион со едноминутно молчење му оддадоа почит на прерано починатиот на 29 години Александар Мирчески – Келевчето. Беше долгогодишен член на Навивачката група „Мајмуни“ и силен поддржувач на Победа.

РЕЗУЛТАТИ: Победа – Кожуф 0:1, Охрид – Новаци 2:2, Беласица – Саса 1:1, Осогово – Детонит 1:3, Башкими – Караорман 5:1, Тетекс – Вардар Н. 1:2, Беса – Скопје 2:1, Пелистер – Арсими 3:0.

ТАБЕЛА: Беса 63, Пелистер 57, Детонит 49, Арсими 41,Охрид 38, Скопје 35, Башкими 34, Беласица, Кожуф и Вардар Н. 31, Новаци 25, Тетекс 24, Победа 23, Осогово 20, Саса 18, Караорман 15.

СЛЕДНО 25. КОЛО (20 април во 16 часот): Караорман – Победа, Пелистер – Охрид, Арсими – Беса, Скопје – Тетекс, Вардар Н. – Башкими, Кожуф – Осогово, Детонит – Беласица, Саса – Новаци.

ВИДЕО-ИЗВЕШТАЈ НА ЛИНКОТ

 

Од категоријата

ПОЧИНА НАЈГОЛЕМИОТ ЗВЕЗДАШ

Зоран Иге

ЖЕСТОКО И НА ТЕРЕНОТ И НА ТРИБИНАТА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ДЕСПИНА СЕ ПРИБЛИЖИ ДО ВОДЕЧКАТА ЧЕТВОРКА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе