Пензионерот Ангел Тошевски е роден во Кавадарци, жител е на Велес, а од клубовите најмногу ја сака – прилепска Победа. А токму Победа денеска игра големо дерби со Шкендија, во Прилеп. Којшто добро го познава Ангел, знае дека поради здравствени причини денеска е во Велес, а не во Прилеп. Од Велес неговите мисли се кон Победа, како и сите навивачи на Градскиот стадион „Гоце Делчев“. Но Ангел (ни испрати фотографија на која се гледа дека веќе е облечен во опрема од ФК Победа) има и нешто свое коешто често го кажува:
– Не се навива за Победа, таа се сака! – порачува Ангел.
Фудбалските љубители веќе отсега се подготвуваат за тргнување кон прилепскиот стадион, бидејќи дербито денеска е од 13.30 часот.