Токму како што се претпоставуваше, дербито го реши само еден прецизен удар. Во Прилеп, Победа – Шкендија Арачиново 0:1. Голот е постигнат во 23. минута, со удар одлево, со лева нога, во подалечниот горен агол од домашниот гол, лев голмански, така што не можеше да се одбрани. Гостите имаа уште неколку шанси, но во сите ситуации одбраната одлично реагираше, како и голманот Дарко Тофилоски. И домашните во еден период од мечот притиснаа, особено во второто полувреме. Сепак, многу изведени корнери, центаршутеви и шутеви кон гостинскиот гол останаа без ефект, за конечни 0:1. Шкендија, предводена од тренерот Љупчо Марковски – Калц и натаму е непоразен тим. А и Победа, предводена од тренерот Филип Мирчески одигра на ниво, па останува надеж дека ќе освојува бодови на следните мечеви до крајот на есенскиот дел, до дербито дома со штипска Брегалница.



ЗАПИСНИК ПОБЕДА – ШКЕНДИЈА А. 0:1
РЕЗУЛТАТИ 10. КОЛО: Победа – Шкендија А. 0:1, Новаци – Големо Коњари 7:0, Тетекс – Осогово 3:0, Кожуф – Беласица 0:2, Вардар Н. – Слога В. 2:2, Брегалница Ш.– Детонит 0:0, Саса – Скопје 1:2, Преспа – Охрид 0:2.



ТАБЕЛА: Шкендија А. 26, Брегалница Ш. 24, Охрид 21, Скопје 20, Беласица 19, Детонит 18, Кожуф и Новаци 16, Осогово 13, Саса, Тетекс, Вардар Н. и Победа 10, Преспа 6, Слога В. 4, Големо Коњари 3.
СЛЕДНО 11. КОЛО (вторник, 4 ноември, 13.30 часот): Осогово – Победа, Големо Коњари – Саса, Охрид – Тетекс, Скопје – Преспа, Детонит – Новаци, Слога В. – Брегалница Ш., Беласица – Вардар Н., Шкендија А. – Кожуф.
ЗАПИСНИК НОВАЦИ – ГОЛЕМО КОЊАРИ 7:0
