Фудбал

ЧУДНО: НЕКАДЕ СЕ ОДЛОЖИ, НЕКАДЕ СЕ ИГРАШЕ НА СНЕГ?

Изминатиов викенд беа планирани фудбалски натпревари на повеќе нивоа низ Македонија. Времето беше вистински зимско, со снег и кал врз терените.Меѓутоа, беа донесени различни одлуки – едни мечеви се одложија, други се одиграа. Некаде се играше и покрај тоа што топката застануваше во калта.

Во Првата лига се одиграа следните натпревари од 15. рунда: Шкупи – Македонија ЃП 1:0, Работнички – Гостивар 0:0, Брегалница – Шкендија 2:2, Тиквеш – Брера 1:0. Одложени за 6 декември се Силекс – Вардар С. и Струга – Воска. Во Втората лига од 13. коло се одиграа: Арсими – Победа 8:1, Детонит – Охрид 1:0, Кожуф – Саса 3:2, Караорман – Новаци 1:3, Вардар Н. – Беласица 1:0, Пелистер – Башкими 4:0. Дуелите Скопје – Осогово и Беса – Тетекс се попладнево.

Сите натпревари од 11. коло на Третата лига – Југ беа одложени, освен Локомотива – Борец 0:3, а во 13. коло на Првата женска лига, Цевитана – Топ гол беше прекинат во 19. минута и се чека одлука од ФФМ.

 

Од категоријата

ЕВЕ ГИ СОСТАВИТЕ ЗА БРЕГАЛНИЦА – ПОБЕДА

Зоран Иге

ВЕЧЕРВА, ПО 12 ГОДИНИ, МЕЧ ВО САЛАТА „МАКЕДОНИЈА“!!!

Зоран Иге

НАМЕСТО ОД ТИКВЕШ, ПОБЕДА ПОЧНУВА ОД ОХРИД!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе